Тројца македонски туристи исчезнаа во разбрануваното море кај Посиди на Халкидики, а двајца се спасени… По третото младо момче, уште се трага…
Прекрасна, но крајно опасна плажа.
Тројца македонски туристи исчезнаа во разбрануваното море кај Посиди на Халкидики, а двајца се спасени.
Грчката телевизија Скај објави дека момчињата скокнале во водата откако го славеле роденденот на плажа. Вчера, по 18-часовна потрага, 30-годишен државјанин на Македонија бил спасен и пронајден од товарен брод кој пловел под знамето на Гибралтар, а неговата здравствена состојба е добра. Тој е префрлен во болница. Претходната вечер бил пронајден неговиот пријател, додека по третиот млад човек сѐ уште се трага.
Младите момчиња решиле да пливаат на плажата која мештаните ја избегнуваат, токму поради силните струи. Се работи за прекрасно место кое привлекува туристи поради својот рајски изглед – но крие голема опасно.
Фејсбук страницата на „Грчки кутак“ предупреди зошто треба да бидете особено внимателни во овој агол на Халкидики
.„Постара жителка на Каландра, веднаш до Посиди, го напиша следново:
„Посиди (или Амоглоса – песочен јазик во превод) е точката што го поврзува Солунскиот залив со Егејското Море. Обликот на оваа плажа се менува поради плимата и осеката… Кога дува северен ветер, врвот (или Мити-нос, како што го нарекуваат Грците) се свртува кон Солунскиот залив, а кога дува јужен ветер се врти кон спротивната страна, кон местото Посиди. Во околината има силни струи, при сите временски услови. Постарите секогаш ни велеа дека никогаш не треба да пливаме на самиот врв на плажата Посиди бидејќи струите влечат како правосмукалка. Во последните години се случува токму спротивното. Многу туристи се капат без да обрнат внимание на струите. Секоја година некој настрадува токму тука“, објавија тие.
извор: фактор