Зоран Заев вечерва на прес конференција си даде оставка од премиерската функција. Тој даде оставка и од функцијата претседател на СДСМ, преземјаќи ја на себе одговорноста за резултатите од локалните избори.
Заев рече дека неговата одлука треба да е пример дека во демократските општества мора да се преземе одговорност и да им се отстапи простор прогресивните политичари да одат напред.
Тој им честита на сите избрани градоначалници, но, искоментира дека за време на кампањата опозицијата имала и силна финасиска поддршка од домашни и странски поддржувачи кои заради најразлични цели вбризгале огромни средства кои завршиле пред се во градежни компании.