Професорот Зоран Петков стана нов директор на средното училиште „Никола Карев“ во Струмица. Тој е поставен за в.д. директор откако вчера долгогогодишниот директор, Драган Јанков, замина во пензија. Јанков го водеше училиштето десетина години и се смета за еден од поуспешните директори на ова училиште и воопшто на струмичките средни училишта.
Во мандатот на Јанков училиштето стекна висок углед, отвори нови перпесктивни стручни образовни насоки, но и констнатно се вложуваше во условите во училиштето.
Во меѓувреме училиштето ќе почне процедура за избор на нов директор на СОУ „Никола Карев“.