Како дел од активностите на секцијата на сниматели при ЗНМ, викендов се реализираше тродневна работилница во Струмица на тема: ,,Унапредување на соработката помеѓу снимателите и новинарите”.
Основната цел за ваквите средби помеѓу снимателите и новинарите е преку детектирање на проблемите во секојдневната работа, со активно учество преку нудење на аргументирани решенија да се обидат да ги надминат предизвиците и направат позитивни промени во заедничката работа како новинари и сниматели.
На работилницата во Струмица, поздравни обраќања пред пристутните имаа претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски и координаторот на секцијата на сниматели при ЗНМ, Трајче Илиевски.