• Sat. Nov 23rd, 2024

Живнаа подбеласичките села-иселениците си дојдоа на летен одмор

Живнаа подбеласичките села. Две недели годишно животот во овие ридски места се менува. Се раздвижува, се слуша џагор, смеа и песна. Иселениците доаѓаат во своите родни куќи. Но, најсреќни се постарите, кои велат дека оглувуваат од толку тишина преку цела година.

И локалната самоуправа вели дека раздвиженоста се чувствува. Не само физичка, туку и финансиска, затоа што луѓето вложуваат во имотите, купуваат и воопшто трошат во локалната економија.

Ново Село е една од најиселените општини во Југоистокот. Општината смета дека потенцијалот е токму во враќање на дел лд иселениците, кои туку можат да инвестираат. Регионот е погоден за рурален туризам, органско земјоделство, а главен адут е тоа што е погранично место, на македонско-бугарската граница, поради што има и голем проток на луѓе. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *