Жителите на Костурино бараат спас од надлежните за загадениот воздух од запалените гуми. Црн чад и непријатна миризба од запалени гуми кои се користат во варниците во Костурино на само неколку метри од урбаното живеење е честа слика.Но, месното население е се погласно за овој проблем.Утрово жители кои беа вознемирени од последната слика на загадениот воздух и ја контактираа нашата редакција, испратија кратко видео во кое се гледа огромниот чад.Велат дека ова е секојдневие во Костурино ,но не се моќни сами да го решат проблемот.