Двајца жители на радовишкото село Конче биле фатени на скопскиот аеродрм со лажни ПЦР-тестови во обид да ја напуштат државата. Тие се казнети со по 2.000 евра.
Според информациите на Основното јавно обвинителство Скопје, на 29 март на Меѓународниот аеродром Скопје тие употребиле фалсификувани ПЦР-тестови за коронавирус. Медицинските сертификати за кои знаеле дека не се оригинални и не се издадени од наведената лабораторија ги презентирале при пасошката контрола, при обидот да ја напуштат државата.
Основното јавно обвинителство Скопје му предложи на Судот за двајцата обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.