Секој ден во чаршијата, меѓу своите сограѓани. Така триесет години живее гевгеличаенцот Илија Трпков. Неговата работа е подвижната тезга на која продава ситни украси и пуканки. Во време кога занаетчиството не е на цена а малите бизниси изумираат, Илија зборува за слободата да се работи и да се заработува на свој начин.
Дали и колку гости доаѓаат во Гевгелија тој најдобро знае, бидејќи цели денови минува во центарот на градот. Ги пречекува, ги услужува, си муабети со нив. Иако дошле многу Грци, посетеноста не била како минатите години, пред панедемијата.
Во занаетчиската комора Гевгелија се зачленети околу 300 самостојни вршители на занаетчиска дејност од Гевгелија, Валандово, Богданци и Дојран.