• Sat. Nov 23rd, 2024

Зголемен интерес кај земјоделците по Програмата за рурален развој 2022

niva

Зголемен интерес кај земјоделците бележат последните пет јавни повици кои беа распишани од програмата за Рурален развој за 2022 година, преку кои се овозможи поддршка за набавка на трактор, поддршка за изградба на силоси, изградба на мандри, поддршка за набавка на опрема за производство на тутун и грантот за рурална жена.

Рокот за аплицирање на овие јавни повици беше до 20ти мај, а до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој пристигнати се вкупно 2.901 апликација. Од нив 2675 апликации за набавка на трактори, 132 апликација за грантот од 6.000 евра за рурална жена, 62 апликации за набавка на опрема за производство на тутун, 24 апликации за изградба на силоси и 8 апликации за изградба на мандри.

Поддршката на овие јавни повици е во форма на кофинансирање, односно до 75% од вкупната вредност на набавениот трактор, силос и мандри, или поединечно по корисник поддршката изнесува до 3.500.000 денари за трактор, 1 милион денари за силоси и 600.000 денари за мандри по корисник. Поддршката за набавка на опрема за производство на тутун е нова мерка која овозможува инвестиции во машини за расадување на тутун, машини за нижење на тутун и метални конструкции за сушење на тутун. Максималниот износ на поддршката за оваа мерка по корисник изнесува 4.500.000 денари.

Зголемениот интерес за проектот рурална жена, не мотивира и висината на грантот двојно ја зголемивме од 3000 на 6000 евра по корисник. Преку овој проект ги мотивираме жените земјоделки да се занимаваат со земјоделство.

Како министерство водиме грижа и даваме поддршка за секој земјоделец. Започнавме нова пракса каде нема селективност, нема правило прв дојден прв услужен, туку обезбедуваме поддршка за сите земјоделци кои се јавиле на јавниот повик и приота ги исполнуваат мерките.

Тоа го докажавме со потпишувањето на договорите за набавка на педигриран добиток каде од вкупно 104 апликации, договор е потпишан со 103 апликанти, додека 1 апликант ја има повлечено својата апликација. На овој начин сточниот фонд го збогативме за нови 3842 грла високо педигриран добиток, а вредноста на поддршката изнесува 253 милиони денари. Уште еден таков позитивен пример е и потпишувањето на 322 договори за набавка на модерни системи за наводнување, подршка вредна 75 милиони денари.

Во наредниот период министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку програмата за Рурален развој предвидува распишување на нови два јавни повици за набавка на специјализирани комбајни и сушари за ориз и јавен повик за изградба на пристапни патишта до земјоделски површини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *