Жените го наоѓаат своето место во литературата. Ваков е ставот на роднокрајните авторки од Струмица. Тие сметаат дека авторките не само што пишуваат и објавуваат, туку се случува и нивна доманицаија на книжевната сцена.
И бројките се на страна на ова тврдење. Барем што се однесува до статистиките на струмичката библиотека која се јавува како издавач на дела на локални автори. Велат дека двојно повеќе книги издале на жени отколку на мажи.
Авторките имаа литературно претставување и средба со читатели по повод Меѓуанродниот ден на жената во просториите на библиотеката Благој Јанков Мучето.