Земјотрес во Струмица. Земјотрес од 3 степени според Рихтеровата скала вчера беше регистриран во Струмица.
Потресот бил регистриран синоќа во 23 часот и 33 минути, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје
Земјотресот бил почувствуван од населението на Струмица, Валандово и околината.