Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтерова скала го погоди регионот Тесалија во централниот дел на Грција.
Според специјализираните сајтови за следење земјотреси, епицентарот бил 15 километри од Еласона, град во округот Лариса, на длабочина од десет километри. Засега нема информации за евентуални жртви и штети.
Тресењето, кое траеше повеќе од 30 секунди, се почувствува и во Македонија, но и во сите земји во регионот.