Од Платежната агенција најавуваат дека контролите на терен и обработката на барањата се завршени и дека во следниот период ќе има бран на посериозна исплата на субвенциите што е особено важно за подготовките за есенската сеидба кои набргу почнуваат
По ова владата на последната седница ги усвои измените на програмата за исплата на субвенциите со која се предвидува 42 милиони евра да одат како надополна на средствата за директни плаќања и за оваа година за субвенциите сумата ќе достигне нешто помалку од 100 милиони евра, пренесува Канла 5 .
Покрај ова предвидено е зголемување и на сумата во интервентниот фонд за која сума допрва ќе се носат одлуки за што ќе се распределува. Со новите пари вбризгани во земјоделството намерата на власта е да се расчистат сите долгови за субвенциите од 2021 година особено за сточарите бидејќи од досегашните исплати доминираа мерките од растителното производство.
Од Платежната агенција најавуваат дека контролите на терен и обработката на барањата се завршени и дека во следниот период ќе има бран на посериозна исплата на субвенциите што е особено важно за подготовките за есенската сеидба кои набргу почнуваат.