• Fri. Nov 22nd, 2024

Земјоделците реагираат на ограничувањето на цените на зеленчукот

Ограничувањето на цените на доматите, краставиците и пиперките во период кога треба да стаса домашното производство е проблем за струмичките земјоделци. Велат дека први ќе се берат културите произведени во контролирани услови, што е прилично скап процес, па оваа одлука може да ги остави без профит.

Но, министерот за земјоделство вели дека анализите им се детални и нема со ограничувањето да трпат производителите и купувачите, туку само трговците.

Цените на овие земјоделски култури се ограничени од вчера, а државниот пазарен инспекторат најавува строги контроли по маркетите и пазарите. Домашното производство, пак, треба да стаса за околу две седмици.