Конфликтот во Украина ќе има силни последици врз македонскиот аграр, сметаат земјоделските здруженија. Војната ќе се одрази на повеќе аспекти од производствено-пазарниот процес. Според Ристо Велков, можно е да се блокира и производството, поради недостаток на потребни репроматеријали.
И трговците апелираа дека годинава производството ќе биде скапо и проблематично. Тие пред се алудираа на поскапените ѓубрива поради енергетската криза.
Предвидувањата се дека годинава ќе имаме скапи градинарски производи но и недостаток на храна, токму поради намалените засадени површини. Трендот на несадење не е предизвикан од енергетската криза и сега до воениот конфликт во Украина. Туку е само засилен. Незадоволните фармери со години наназад ги оставаат незасадени своите обработливи површини.