Поскапувањето на препаратите кои се користат во земјоделството натера многу наши земјоделци да набавуваат разни типови хемикалии од соседните земји со цел да ги намалат трошоците во нивното производство. Упатените велат дека е сосема очекувано земјоделците да увезуваат сами препарати бидејќи разликите во цени се огромни, па се приморни на иновативни начини да се снабдуваат со хемикалии.
Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци во Македонија, Петре Стојакоски, за Фактор вели дека разликите се преголеми за да може да се споредува.
– При производството на пченица на еден хектар како земјоделци, доколку користиме средства за заштита набавени во Македонија, тоа ќе не чини 2.400 денари. А доколку такви средства набавиме во Албанија или во Србија, за еден хектар ќе не чини околу 300 денари!? Инспекциите треба посериозно да се позанимаваат со тоа зошто ние толку поскапо ги плаќаме препаратите за заштита – вели Стојакоски.
Меѓу причините за значително пониските цени на препаратите кои се користат во земјоделството во соседна Србија според упатените се пониските пониски цени на природен гас по кои се увезува, а кој е неопходен за производство на ѓубрива.
– Сега со војната во Украина, цената на енергентите отиде премногу високо, а во производството на ѓубрива голем уддел има енергија, поточно плинот. Соседите заради одлуката да не воведат санкции кон Русија, добиваат гас по пониски цени, па на тој начин имаат можност да произведат ѓубрива по пониски цени, а со тоа нивните земјоделци имаат можност да произведат храна по пониски цени. Поради ова, ние страдаме два пати, прво поради тоа што имаат пониски влезни трошоци имаат поевтино домашно произовдство.