• Fri. Nov 22nd, 2024

Зеленски повикува на меѓународна помош во обновата на Украина

In this image from video provided by the Ukrainian Presidential Press Office and posted on Facebook early Tuesday, March 15, 2022, Ukrainian President Volodymyr Zelenskyy speaks in Kyiv, Ukraine. (Ukrainian Presidential Press Office via AP)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, четири месеци по руската инвазија, повика на меѓународна помош за обнова на неговата уништена земја по завршувањето на војната.

„Потребно е не само да се поправи сето она што го уништија окупаторите, туку и да се создадат нови основи за нашите животи: безбедни, модерни, удобно, достапни“, рече тој во говорот доцна во саботата.

Тоа би барало „колосални инвестиции, милијарди, нови технологии, најдобри практики, нови институции и се разбира, реформи“, кажал тој, според агенциите.

„Колку и да ни е тешко денес, мора да запомниме дека ќе има утре“, рекол Зеленски.

Во понеделник треба да се одржи состанок на околу 40 потенцијални земји донатори во Лугано, Швајцарија, каде што украинската влада има намера за првпат да ги претстави своите приоритети за обнова на земјата разурната од војна.

Зеленски, исто така, во видео обраќање ги потсетил Украинците дека војната е далеку од завршена.

„Неговата суровост се зголемува на некои места и тоа не може да се заборави“, додал тој, апелирајќи до своите сонародници да им помогнат на жртвите од бруталниот конфликт, пишуваат медиумите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *