Здружението на пензионери Струмица информира дека започнуваат со подготовки за Регионални спортски игри. Подготовките ќе започнат во понеделник на 8 мај. Инаку, Регионалните спортски гири треба да се одржат на 29 мај во Штип во следните дисциплини:
- Гаѓање со воздушна пушка – мажи и жени
- Шах – мажи и жени
- Пикадо – мажи и жени
- Фудбал – шутирање пенали на мал гол – мажи и жени
- Кошарка, слободни фрлања – мажи и жени
- Фрлање ѓуле – мажи и жени
- Домино – мажи и жени
- табла – мажи и жени
- Скок од место – мажи
Заинтересираните пензионери да се јават во Здружението на пензионери за избор на екипи.
Телефон за контакт 072/317-233 и 072/591-368