Здравствен дом Струмица вакцинира и во домашни услови. Ова се однесува на лица со потешки заболувања, или кои не се во можност самостојно да се движат а сакаат да се имунизираат против ковид-19. Во текот на вчерашниот ден екипи на здрвасвтен дом Струмица посетиле 12 лица кои биле вакцинирани против корона-вирусот.
Оттаму апелираат граѓаните масовно да се пријавуваат на апликацијата вакцинација.мк бидејќи колку повеќе граѓани се пријавуваат и вакцинираат, старосната граница се повеќе ќе опаѓа и ќе се имунизираат и поголем број помлади сограѓани, со што за брзо време би се постигнал повисок процент на имунизација.
Во моментов во Струмица се вакцинираат граѓани над 60 годишна возраст.