Да се пронајдат загадувачите на воздухот во Струмица и да се казнат, а општинските и државните инспекции и институции да водат поголема сметка за почитувањето на законите и мерките против аерозагадувањето, порачуваат активистите од Здрава котлина. Тие се револтирани што Струмица е на врвот на најзагадени градови во државата а нема тешка индустрија што се смета за еден од најголемите и најсериозни загадувачи на амбиенталниот воздух.
„Како може во Струмица да немаме магла и со денови немаме изразена температурна инверзија како на другите места што се гледаат на сателитот, ама пак да имаме водство во воздушно загадување пред сите во цела Македонија? Овде смрди на тешка корупција и тотално неодговорно работење! “ велат од Здрава котлина.
Градоначалникот на Општина Струмица вели дека инспекциите се на терен, и дека се преземаат низ аактивности за намалување на загадувањето.
Минатите денови Струмица стигна до 500 пм 10 честички на метар кубен воздух.