Во Агенцијата за млади и спорт денеска се заокружи циклусот од осум информативни регионални средби „Младински центар во секоја општина“ кои ги организираа од Сојузот за младинска работа во соработка со Агенцијата за млади и спорт.
Целта на вие регионални средби беше да се информираат и поддржат службениците за млади од општините во процесите за воспоставување на младински центри во согласност со обврските кои произлегуваат од Законот за младинско учество и младински политики и Правилникот за стандарди за квалитет на младински центри.
„Во моментов ја одржуваме последната информативна средба од низата кои ги имавме изминативе две недели, сега е скопскиот регион.