• Thu. Nov 21st, 2024

Истече рокот за доставување понуди за избор на фирма за изградба на Домот на култура во Куклиш

Заврши тендерот за изградба на опожарениот  Дом на култура во Куклиш, наредните денови ќе се знае која фирма ќе го работи. Станува збор за прва фаза која според распишаната јавна набавка ќе чини максимум 7,3 милиони денари за кој општината 4 милиони доби од Министерството за локална самоуправа а остатоктот се од општинскиот буџет.

Денеска е крајниот рок за доставување на понудите а веќе на 10 октомври треба да се направи увид и анализа дали и кои фирми ги исполнуваат условите по распишната јавна набавка и ќе може да одат на јавната аукција преку системот за јавни набавки

Во рамките на првата фаза се предвидени изведба на градежно и градежно занаетчиски работи но и поставување на громобранска инсталација на објектоѕ кој пред повеќе години беше опожарен а беше предмет на барање на жителите на Куклиш но и честопати спомнувано како нереализирано ветување на локалната власт од страна на партиите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *