• Fri. Nov 22nd, 2024

Заврши Мешовит парламентарен комитет ЕУ-Македонија

Во Европскиот парламент во Стразбур заврши 20-от Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Македонија и ЕУ (Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација), со усвојување заеднички препораки. МПК за првпат се одржува откако Македонија ги отпочна преговорите за членство во ЕУ.

Претставниците на европските институции, европратениците и македонските пратеници инсистираа на фактот дека започна нова фаза во односите меѓу ЕУ и Република Македонија, а земјата мора да остане посветена на реформите и потребен е консензус за евроатлантските процеси, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *