• Thu. Nov 21st, 2024

Заврши изградбата на улица во населеното место Градашорци

Заврши изградбата на улицата во населеното место Градашорци.

-За многу кратко време, отприлика три недели, комплетно се завршени сите планирани активности на оваа улица, па граѓаните што секојдневно ја користат добиваат несомнено квалитетно и трајно решение. Од аспект на целокупната инфраструктура на ниво на општина, изградбата на оваа улица значи чекор поблиску до поставената цел,односно во општина Василево да нема неасфалтирани  улици. Можеби звучи преамбициозно, но со добро планирање и многу работа секоја цел е достижна, изјави  градоначалникот Андонов, по изградбата на улицата во Градашорци.

Оваа улица е  дел од Програмата за изградба на локални патишта и улица за 2022 година. Изградена со бекатон плочки, поставени на 570 м2. Должината на улицата изнесува 150 метри.

Средствата во висина од околу 620 000 денари се обезбедени од општинската каса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *