• Fri. Nov 22nd, 2024

Заврши 17то издание на филсмкиот фестивал „Астерфест“

Со специјалната премиерна проекција на македонскиот документарен филм „Трн“ на авторите Никола Пијанманов и Столе Ангелов, заврши 17. издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“.

Филмот ‘Трн’ е суптилна и моќна филмска приказна за актерот, граѓански борец и активист Стојан Велков – Трн. Дизајнот на звукот е на Ставро Ангелаков, а во филмот, покрај Трн, учествуваат и Саше Урдовски, Васе Велков, Исидора Велкова и Дејан Ангелов, кој е и уметнички соработник на проектот“, велат од организацијата на фестивалот.

Инаку, официјалното жири на „Астерфест“ во состав Владимир Перовиќ, Мими Ѓоргоска-Илиевска, Мимоза Рајл и Столе Ангелов, ги додели наградите за кратките филмови во натпреварувачката програма.

Златна потковица – СВЕДОК на Али Азгари (Иран / Франција)

Сребрена потковица – БОЖИЛАК на Александар Вујовиќ (Црна Гора / Италија / Албанија)

Бронзена потковица – ВО МОЈОТ УМ на Мартин Стренџ-Хансен (Данска)

Награда за најдобар автор „Ацо Алексов“ – ВУЈКО МИ ТУДОР на Олга Луковницова (Молдавија / Португалија / Унгарија / Белгија)

Награда за најдобро сценарио „Ѓорги Абаџиев“ – ЏЕЛАТОТ ДОМА на Мајкл и Ури Кранот (Франција / Данска / Канада)

Специјална диплома од жирито – РАСЕЛЕНИ на Самир Карахода (Косово)

Лауреат на наградата Астер за животно дело од областа на филмската уметност е легендата на југоисточноевропскиот филм, Желимир Жилник, автор на низа култни филмови меѓу кои и „Рани трудови“ за кој ја доби наградата „Златна мечка“ во Берлин. Во чест на лауреатот беше прикажан филмот „Журнал за Желимир Жилник“ на Јанко Баљак.

17. издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ се одржа под мотото „Светлините на астерот“, од 5 до 9 август во Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *