Во најскоро време ќе се пушти во употреба новиот водовод во селото Негорци, гевгелиско. Проектот што го изведува струмичката градежна компанија „Жикол“ е во завршна фаза.
Градоначалникот Андон Сарамандов и директорот на гевгелиски „Комуналец“ Раско Чочков извршија увид на градежните работи, а наскоро ќе се прилучи цефководот и на градскиот водовод.
Тестиран е и притиоскот на водата, а сега треба да се дезинфицира цефководот. Со тоа ќе се реши долгогодишниот проблем со водоснабдувањето на Негорци. Околу 2.500 жители ќе се спасат од чести дефекти и прекини на водоснабдувањето.