• Fri. Nov 22nd, 2024

Завршија истражувањата на средновековната црква во подножјето на Цареви кули

Завршија археолошките истражувања и конзервацијата на средновековната црква во подножјето на Цареви Кули.

Проектот се спроведе под раководсво на проф. д-р Трајче Нацев, советник конзерватор и д-р Душко Цветанов, археолог – виш кустос. Беа извршени археолошко истражување за потребите на конзерваторските интервенции на средновековната црква во рамките на проектот ,,Конзервација и реставрација на средновековната црква во подножјето на археолошкиот локалитет Цареви Кули – Струмица“. Проектот се реализираше во рамките на Годишната програма на НУ Завод и Музеј – Струмица, финансирана од Министерството за култура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *