Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски рече дека е готов проектот за експресниот пат Струмица-Валандово. Бочварски рече дека овој пат е исклучително важен за поврзување на Југоистокот, како регион со голем потенција за развој на економијата и туризмот.
Паралелно се работи на проектот и за поврзување на Струмица-Ново Село, нова траса која ќе ги заобиколи селата и ќе ја намали фреквенцијата која создава голем сообраќаен метеж.
Министерот не прецизираше дали се предвидени средства за изградба на делницата Струмица-Валандово или дополнително ќе се бараат финасии.