Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, оствари работна средба со изведувачите на новите линии за водовод и атмосферска канализација во општина Гевгелија преку на грантот од КFW-банката.
На состанокот, беше разговарано за тековните работи на терен и проблемите со кои се соочува изведувачот. Притоа, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, од страна на изведувачот беше нагласено дека на дел од уличните краци во градот при изградбата на атмосферската канализација започнува последната фаза. Поточно, останува да се изврши нивелирање на шахтите и асфалтирање на улиците.
Од страна на градоначалникот Сарамандов беше потенцирана потребата од забрзување на изведбените градежните работи и повторно враќање на улиците во првобитната состојба. Се со цел да се нормализира и олесни одвивањето на сообраќајот, истакна Сарамандов.