• Sat. Nov 23rd, 2024

Затворени 20 угостителски објекти за непочитување ковид протоколи

Затворени 20 угостителски објекти и извршени 1.280 инспекциски надзори има направено Државниот пазарен инспекторат, откако на средината на август почна да важи правилото за задолжително поседување на ковид сертификат за во угостителски објекти, изјави денеска на прес-конференција во Влада директорката на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска – Димоска.

Угостителските објекти биле затворени бидејќи дел од гостите не поседувале сертификати, имало повеќе луѓе отколку што е дозволеното или, пак, за непочитување на протоколите за одржување дистанца.

Државен пазарен инспекторат (ДПИ)досега има изречено глоба кон правни лица во износ од шест милиони денари и над 1,5 милион денари глоба кон одговорните лица во правните лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *