• Fri. Nov 22nd, 2024

Бектеши презентира кој колку заштеди електрична енергија во октомври, во Југоистокот најмногу заштеди има Општина Босилово

ByВане Трајков

Nov 22, 2022

Податоците за заштеда на електрична енергија кај општините кои имаа препорака да штедат, пак додаде, покажуваат дека од 81 општина, 65 општини постигнале заштеда од најмалку 15 отсто, од кои 12 општини постигнале заштеда поголема од 50 отсто.

-Вкупно 16 општини не постигнале заштеда од 15 отсто, од кои само три имаат поголема потрошувачка во октомври 2022, споредено со октомври 2021 година, а останатите 13 општини имаат намалена потрошувачка, но не постигнале заштеда од 15 отсто, посочи Бектеши.

Овие податоци за заштеда на електрична енергија, порача, покажуваат дека доколку сме сите рационални и не трошиме беспотребно електрична енергија може да се направат големи заштеди. Упати апел до сите компании и до граѓаните рационално да се користи електричната енергија.

Во Југоистокот најголеми заштеди има остварено општина Босилово. Taa во октомври ова година во однос на октомври минатата година оствари заштеда од 46 %. Втора е општина Василево а трета е општина Ново Село. Најслаби заштеди во овој период имаат општините Струмица и Радовиш. Тие изенсуваат под 15 проценти додека остантите општини од Југоистокот се над 15 проценти сгоалсно препораките на Валдата за заштеда на електирчна енергија во време на енергетска криза

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *