• Fri. Nov 22nd, 2024

Засега никој од Украина не побарал статус на бегалец во Македонија

Институциите во Македонија прават анализи дали и колку бегалци од Украина би можеле да бидат згрижени кај нас, но засега никој не побарал статус на бегалец, извести министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој очекува на утрешната сеница на Влада веќе да се утврдат расположливите капацитети за беглаци.

„Досега немаме на граница пријавено граѓани на Украина кои бараат статус на бегалец. Се разбира има влез на украински државјани како и претходно без некое зголемување на интензитетот. Ние побаравме од институциите, секоја во својот дел, да ги направи подготовките вклучувајќи го и Министерството за здравство. Тоа треба да направи посебен тим за проценка на капацитетите за нудење  здравствена помош на евентуално ранети и така натаму. Очекувам утре на седница на Влада да го имаме првиот извештај на институциите за да можеме понатаму да продолжиме со другите чекори и подготовки по однос на ова прашање“, рече министерот Османи.

Тој рече дека во Македонија од Украина се вратиле 20 Македонци и нивните семејства, а во активна евакуација се уште 43 наши државјани со семејствата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *