Запознајте го поинаквиот Вухан: Модерен светски центар со 11 милиони жители. Најверојатно не постои човек што не слушнал за Вухан, главниот град на кинеската провинција Хубеи. А и како да не слушнете, кога токму оттаму тргна најозлогласениот вирус последниве децении: КОВИД 19, коронавирус од кој до денеска заболеа околу 660 000 луѓе ширум светот. Но, во сета мешаница, не супеавме да спомнеме дека не станува збор за некакво традиционално или примитивно кинеско гратче, туку велелепен и модерен светски центар во кој живеат преку 11 милиони луѓе. Ви го прикажуваме Вухан низ следните видеа: