Започна пријавувањето за субвенционирање на земјоделски производители за 2021 година. Производителите можат да се пријават за доделување финансиска поддршка во земјоделството, . Се известуваат земјоделците од општините Гевгелија, Дојран и Богданци дека електронското пријавувањето ќе трае до 31 јули, 2021 година и ќе се врши во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство- Подрачна единица Гевгелија.
Се апелира до земјоделските производители при поднесувањето на барањата за субвенции задолжително да ги почитуваат мерките за спречување на ширењето на Корона вирусот (носење маска, марама, бандана или сл. и одржување физичка дистанца).