Од денеска Законoт за заштита на личните податоци започнува целосно да применува.
Со Законот за заштита на личните податоци се уредуваат заштитата на личните податоци и правото на приватност во врска со обработката на личните податоци, а особено начелата поврзани со обработката на личните податоци, правата на субјектот на личните податоци, положбата на контролорот и обработувачот, преносот на личните податоци во други држави, основањето, статусот и надлежностите на Агенцијата за заштита на личните податоци, посебните операции на обработка на личните податоци, правните средства и одговорноста при обработката на личните податоците, супервизијата над заштитата на личните податоци, како и прекршоците и прекршочната постапка во оваа област.
Овој закон се применува на целосно или делумно автоматизирана обработка на личните податоци и на друга обработка на личните податоци коишто се дел од постојна збирка на лични податоци или се наменети да бидат дел од збирка на лични податоци.
Одредбите од овој закон нема да се применуваат врз обработката на личните податоци што се врши од страна на физички лица, исклучиво заради лични активности или активности во домот.