На 15.07.2022 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога и СВР Штип-НК за КР Кочани до Основно jавно oбвинителство Кочани поднесоа кривична пријава против правeн субјект од Кочани и С.В.К. (39) од Р.Бугарија, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.1 и ст.6 од Кривичниот законик, при што запленети се 238 килограми марихуана.
Имено, во текот на месец јули 2022 година преку правниот субјект каде во својство на управител е регистриран С.В.К., извршена е набавка на марихуана, која потоа е сместена во објект во рамки на наведениот правен субјект, по што на 14.07.2022 дел од истата е префрлена во контејнер за отпад, односно во специјално товарно моторно возило за собирање смет, сопственост на Комуналното јавно претпријатие ,,Водовод“ од Кочани, за да потоа биде оставена на депонијата во Кочани, од каде НН лица ја земале за понатамошно неовластено пуштање во промет, со цел стекнување на противправна имотна корист.