• Sun. Nov 24th, 2024

Заматена е водата од водоводот во општина Василево

Водата од водоводот во Општина Василево не е за пиење. ЈПКД „Турија“, Василево ги информира жителите од населените места во општина Василево, (Василево, Градашорци, Ангелци, Едрениково, Добрашинци, Нова Маала и Чанаклија)  кои со вода за пиење се снабдуваат од Брана Турија, односно преку филтер станиците  Ташли Баир и Добрашинци, дека водата е заматена и истата моментално не е за употреба и пиење.

Од ЈПКД „Турија“, информираат дека причина за заматеноста на водата се обилнните врнежи и порастот на нивото на водата во Браната. Екипите се на терен и работат на надминување на состојбата и решавање на проблемот за што граѓаните ќе бидат дополнително информирани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *