Две лица загинаа во средата кога хеликоптер што гаснеше шумски пожар на грчкиот остров Самос се урна во морето, соопшти грчката крајбрежна стража.
Уште две лица што се наоѓале во хеликоптерот се спасени, додаде крајбрежната стража.
На Самос околу 14 часот избувна шумски пожар, а за гаснење се испратени три хеликоптери и пет авиони со педесетина пожарникари.
На островот дува силен ветер, а во Грција во средата температурата достигна 30 Целзиусови степени.
Сè уште не е јасно што ја предизвикало несреќата, пренесуваат медиумите.
извор: макфакс