Вчера во Полициската станица Струмица било пријавено дека 72-годишниот В.М. од село Вељуса, струмичко, управувајќи трактор во нива во атарт помеѓу селата Ангелци и Вељуса, изгубил контрола и се превртел со тракторот, извести МВР.
– Од здобиените повреди В.М. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.