• Fri. Nov 22nd, 2024

Загаденоста на воздухот да се следи од државните мерни станици, препорачува министерството за животна средина

Загаденоста на воздухот да се следи од државните мерни станици, препорачува министерството за животна средина. Министерот Насер Нуредини вели дека граѓаните можат да се информираат преку апликацијата „Мој водух“ на која се покажуваат државните мерни станици.

Останатите апликации, вели Нуредини, не се релевантни и податоците што тие ги покажуваат не може да с есметаат за точни.

Според министерот, во земјава има вкупно 21 мерна станица која го покажува степенот на загаденост на воздухот. Сите биле санирани и во функција, а министерството располага и со една мобилна мерна станица.

Загадениот воздух стана ноќна мора за граѓаните, откако изминатите седмици во неколку градови меѓу кои и Струмица не можеше да се дише од загаденост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *