• Fri. Nov 22nd, 2024

Заев, Вучиќ и Рама на онлајн состанок

Остануваме уште попосветени на нашиот пат кон ЕУ и на регионалната соработка – на земјите од Западен Балкан им е потребна ЕУ колку што ѝ се тие потребни на ЕУ, истакнаа претседателот на Република Србија-  Александар Вучиќ, претседателот на Владата на Република Албанија – Еди Рама, и претседателот на Владата на Република Северна Македонија – Зоран Заев, кои денеска одржаа работна средба преку интернет-конференциска врска на која ја утврдија трипартитната, односно заедничка изјава „Европски Западен Балкан“.

Во трипартитнатаизјава се наведува дека постојаниот неуспех на ЕУ да ги исполни своите ветувања и нејзината неможност да се движи напред со отворање на првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија оди против европската волја на нашите земји и против интересите на самата ЕУ.

„Сакаме порано, отколку подоцна, да видиме дека четирите слободи на ЕУ – движење на луѓе, стоки, услуги и капитал – се спроведуваат низ целиот регион. И ние ќе сториме сè што е во наши раце да се движиме кон оваа цел преку моќта на нашиот пример. Во овој дух, ние ќе ја искажеме нашата целосна поддршка за регионалниот заеднички пазар на Самитот на Берлинскиот процес на 5 јули“, се наведува во изјавата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *