Претседателот на Владата, Зоран Заев, ќе оствари еднодневна работна посета на Република Албанија.
Премиерот ќе учествува на Самитот на земјите од Западен Балкан. Со Самитот ќе претседава албанскиот премиер Еди Рама, а ќе учествуваат еврокомесарот за проширување и добрососедство, Оливер Вархеји, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, како и премиерите на Косово, Србија и на Босна и Херцеговина – Албин Курти, Ана Брнабиќ и Зоран Тегелтија.
Заев заедно со премиерот Рама на маргините на Самитот ќе го потпишат и Договорот за воспоставување заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу Република Албанија и Република Северна Македонија.