Заев се сретна со новиот грчки амбасадор Русос Кундурос.
Заев кој се сретна со новиот грчки амбасадор Кундурос ја пренесол порака од Атина за продолжување на пријателството помеѓу двете држави, преку унапредувањето на соработката во областите важни за граѓаните на двете држави, што се оценува дека е веќе во фаза на реализација.
Заеднички е констатирано дека Северна Македонија и Грција, преку пријателството, промовираат стабилност во целиот Западен Балкан, стои во писмената информација од Влада.
Изразена е поддршка од Грција на нашата држава за прогрес и во евроинтеграциите. По постигнатото членство во НАТО, како и за техничка помош во процесите важни за европските перспективи.
На средбата посебно е разговарано за интензивирање на економската соработка, каде, како и во енергетиката, се бележат видливи резултати.
„Низ економијата, граѓаните на двете држави почнуваат да чувствуваат директни бенефити од Преспанскиот договор. Како историски чекор и значајна определба на двете држави за градење добрососедски односи, инклузивна и конструктивна соработка“, рече премиерот Заев.
На средбата е посочена и важноста на соработката во повеќе области. Меѓу другите на здравството, земјоделството, образованието, културата, социјалната заштита.
Премиерот Заев, преку него упати покана до грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, за посета на Република Северна Македонија.
Инаку Грција има ограничувања на копнено поврзување.