Европските интеграции не смеат да бидат заложник на билатерални прашања. Преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија, пишува премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.
Премиерот е дециден дека нашиот напредок во ЕУ интеграциите првенствено треба да зависи од домашните реформи врзани со поглавјата, законодавството на ЕУ и постигнување на европските стандарди.
„Европските лидери мора сериозно да земат предвид дека бескрајните и повторувачки разочарувања неминовно им ја отвораат вратата и ги охрабруваат евроскептиците. Токму затоа ЕУ мора да изнајде формула како да го одржи зборот и да го продолжи проширувањето на Западен Балкан. Покажавме храброст и искрена волја за решавање на билатералните односи преку взаемно почитување и заштита на националното достоинство. Во преговорите или во рамката не треба да се внесуваат билатерални прашања. Тоа е опасен преседан, и тоа е став кој го делат сите останати земји-членки на ЕУ“, пишува Заев.