• Sat. Nov 23rd, 2024

Заев пред ЕУ амбасадорите

Заев на средба со ЕУ амбасадори

Заев пред ЕУ амбасадорите на редовниот годишен состанок на шефовите на дипломатските мисии на државите членки на ЕУ во земјата. Премиерот Зоран Заев ги информира амбасадорите за актуелните и најважни активности во процесот за интеграција на земјата во ЕУ.

Како што информираат од владината прес-служба, пред амбасадорите, предводени од шефот на делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир, Заев детаљно го образложил континуитетот на реформските процеси. Додавајќи дека членството на Северна Македонија во ЕУ нема алтернатива и дека е важно да се продолжи дијалогот со Бугарија во духот на меѓусебно почитување.

Заев пред ЕУ амбасадорите додал дека остануваме цврсто определени за некои прашања.

„Истовремено, остануваме цврсто определени за одредени прашања, кои се наши црвени линии, како што е македонскиот идентитет и македонскиот јазик, за нив не преговараме“, нагласил Заев.

Инаку, премиерот Заев, по бугарското вето, изјави дека ние немаме друга алтернатива освен ЕУ и затоа до членство ќе продолжиме со европеизација дома.

За време на дебатата премиерот ја поздравил изразената поддршка за проширувањето од страна на амбасадорката на Португалија, Вирџинија Пина. Многу важен ставот на португалското претседателство дека почетокот на преговорите со Северна Македонија е меѓу приоритетите, додал премиерот.

Исто така, премиерот воедно изразил благодарност за поддршката на Брисел за вклучување на земјите од Западен Балкан во набавката на вакцини против Ковид-19 и изразил очекување дека ќе има забрзување на оваа постапка.

Инаку, можно е веќе неделава пратениците конечно детално да се запознаат со деталите околу преговорите со Бугарија. Сите се согласни дека во оваа фаза, во фаза кога е јасно дека со бугарската блокада уште долго ќе живееме. Неопходно Собранието да заземе став што понатаму. Во Бугарија нема никакви промени, и пред изборите, а јасно е дека така ќе биде и по нивните избори во март или април.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *