• Mon. Nov 25th, 2024

Заев, Османи и Бектеши од трибини ќе ја бодрат македонската репрезентација

Заев, Османи и Бектеши од трибини ќе ја бодрат македонската репрезентација. Премиерот Зоран Заев, министерот заа надвореши работи Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши попладнево тргнаа за Букурешт каде од трибините ќе го следат првиот настап на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство.

„Доаѓаме за да ги поддржиме македонските репрезентативци. Заедно сме посилни, само сплотени можеме да успееме. Напред момци, цела држава навива за вас!“, напиша Заев на Фејзбук каде објави и фотографија од аеродромот пред тргнувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *