Заев ќе застане зад четворица актуелни градоначалници од југоистокот. Тој ги наброја општините од чии градоначалници е задоволен како работат. Но рече дека сепак реакциите на народот ќе бидат пресудни дали тие повторно ќе бидат кандидирани на претстојните локални избори.
„Лично јас имам свои ставови. Ќе застанам зад неколку кандидати. Валандово, Богданци, Дојран, Конче, Кочани, Штип, Старо Нагоричани Крушево, Маврово Ростуше, Демир Капија“, рече Заев.
На денешната прес-конференција тој рече дека на државата не и се потребни уште едни предвремени парламентарни избори. Затоа и тие нема да се случат. Според него, Македонија веќе помина неколку пати низ вонредни парламентарни избори и само изгуби од тоа.
Предвремени парламентарни избори нема да има, изјави премиерот Зоран Заев, како одговор на вчерашната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека дури и од Месечината се гледа дека ќе има предвремени избори.
„Не знам јас кои космонаути гледаат од Месечината како тоа ќе се случува, но јас тврдам дека вонредни парламентарни избори нема да има, поради тоа што не носат ништо добро на државата“, рече Заев.