Заев: Ќе успее проектот Чебрен
Претседателот на Владата, Зоран Заев, во вечерниот дел од дебатата на седницата за пратенички прашања зборуваше за планот „Акција 21“ на Владата, со посебен акцент кон инвестициите во енергетиката.
„Го нарековме „Акција 21 за европски стандарди дома“ затоа што претставува продолжување на владините реформи од секој можен аспект. Пред сѐ мислиме на оние најважните: правосудството и борба против корупцијата. Тука секако овде е и екологијата, борбата за здрава животна средина. Развивме и сериозен енергетски план, затоа една од точките на „Акција 21“. Тука покрај животната средина е и енергетиката.
Нашата земја станува една раскрсница од позитивен аспект на интереси на инвеститори пред сѐ од западниот свет. Пред сѐ мислам на Америка и Германија и земји нивни сојузници како Катар со нивниот течен гас. Секако поттикнати од изградбата на интерконекторот со Грција, но и со интерконекторот со Косово и со Србија. И вториот интерконектор којшто има проектна документација помеѓу Бугарија и Северна Македонија. Стануваме важна трансверзала во делот на енергетските инвестиции.
Тоа предизвика внимание од страна на Владата да развие неколку проекти. Пред сѐ законска и правна регулатива за брзо привлекување и брзо инвестирање во вакви енергетски објекти. Најмногу мислам на фотоволтаиците и фотонапонски централи, на ветерниците, на гасни централни, на биомаса. Сѐ со конечна цел да создадеме продукција во стотици и стотици мегавати кои што ќе ги заменат, би ги кажал 600 мегавати во РЕК Битола и 120 во Осломеј“, објасни премиерот Заев.
Заев: Ќе успее проектот Чебрен
„Ќе набројам неколку проекти, Чебрен е најголемиот проект. Ќе успее проектот Чебрен. 30 години државата на него има 11 пати неуспешност во обидите за спроведување. Овој пат имаме историски успех до таа фаза во којашто сме стигнати. Помина првата фаза на селекција од понудите на Чебрен. 10 компании беа понудени, 9 ја поминаа првата фаза. Со нивната капацитетност и подготвеност да градат еден мега проект вреден помеѓу 600 и 800 милиони евра со над 300, 330 мегавати.
Дополнително, во моментов, во нашата држава се градат 72.5 мегавати. 10 мегавати гради ЕСМ во Осломеј, 62.5 се по пат на премии. Веќе неколку пуштивме во употреба и се градат ширум државата, дел се на државно земјиште, дел се на приватно земјиште. Оди вториот дел од постапката за 100 мегавати во Осломеј. Државата бара најмалку 10% за државата и по пат на позитивна лицитација кој ќе даде повеќе ќе ги добие можностите да биде коинвеститор во овие фотоволтаици“. Ова го соопшти премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања, , во Собранието на Република Северна Македонија.
Инаку, Владата објави поддршка за обновливи извори на енергија.