Поранешниот премиер, Зоран Заев, ќе формира фондација „Едно општество за сите“.
Учеството на Зоран Заев на дипломатскиот форум во Анталија не е случаен, бидејќи поранешниот премиер ќе основа фондација „Едно општество за сите“, дознава ТВ21.
Во тимот ќе биде и поранешниот министер за здравство Венко Филипче како и други поранешни функционери. Ќе учествуваат и интелектуалци, професори, бизнисмени, поранешни членови на ВМРО-ДПМНЕ, луѓе од сите етнички заедници и од невладиниот сектор
Според ТВ21, Заев не планира да се повлече од јавноста, а во Анталија се опипувало мислењето за концептот.