• Sat. Nov 23rd, 2024

Заедничка вежба на бугарски и македонски полициски специјалци

Mакедонските и бугарските специјални полициски единици денеска во Софија одржуваат заедничка вежба. На вежбата присуствува и министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски. Тој во Софија изјави дека „оваа посета ќе биде добра порака на соработка, пријателство и партнерство меѓу Северна Македонија и Република Бугарија“.

Спасовски ја следи вежбата заедно со неговиот бугарски колега Бојко Рашков.

Ова е прва заедничка вежба на специјалните полициски единици на двете земји. Спасовски вели дека вежбата треба да ја покаже подготвеноста во одредени ситуации двете земји да имаат заеднички настапи со цел да се зачува мирот и стабилноста во регионот и пошироко.

Спасовски и Рашков на средбата разговарале и за тоа како да се продолжи и продлабочи соработката, но и за отворањето на новиот граничен премин во Берово – Клепало.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *